Безредија во главниот град на Аргентина додека парламентот расправа за економските реформи

За време на маратонската дебата за законодавниот пакет на ултра-либералната влада во парламентот на Аргентина, синдикалците и социјалните активисти се судрија со безбедносните сили во Буенос Аирес во четвртокот.

Аргентинските медиуми објавија дека демонстрантите ги тепале полицајците со парчиња дрво и дека полицијата пукала со гумени куршуми и солзавец во толпата луѓе.

Во меѓувреме, парламентот втор ден по ред расправа за сеопфатниот реформски пакет на новиот претседател Хавиер Милеи. Пакетот вклучува трансфер на дел од законодавната власт на владата за две години, овозможува приватизација на бројни државни претпријатија и рудни и минерални наоѓалишта, како што најави самиот Милеи во полза на компании од САД, и предвидува измени на даночните и изборните закони.

Економистот, кој повеќе работеше како забавувач, Милеи ја презеде функцијата во средината на декември со план за радикална обнова на државата која е во тешка економска ситуација, но без конкретни проекции и податоци.

Стапката на инфлација е даелу над 200 отсто, а повеќе од 45 отсто од луѓето во некогаш просперитетната земја живеат под прагот на сиромаштија.

Втората по големина економија во Јужна Америка, како што тврди Милеи кој го повлече во меѓувреме пристапувањето на Аргентина во блокот БРИКС, има пренатрупан државен апарат, ниска индустриска продуктивност и огромна сива економија што ја лишува земјата од клучните даночни приходи. Националната валута продолжува да ја губи вредноста во однос на американскиот долар, а долговите на земјата продолжуваат да растат.