Како единствен кандидат, Биљал Касами повторно е избран за претседател на Движењето БЕСА. На вториот конгрес што се одржа во Скопје, воведена е функцијата заменик-претседател. Избран е досегашниот генерален секретар, Ариjанид Хоџа. Централниот одбор и другите раководни партиски тела ќе бидат назначени дополнително. Лидерот Касами најави дека БЕСА се враќа на политичката сцена „на голема врата“. Програмските определби остануваат посветени на проблемите на обичниот граѓанин и на членството во Европската унија. Како опозициска партија, БЕСА се придружува на барањето предвремени парламентарни избори.