![грета тунберг](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/09/greta-tunberg.jpg?resize=660%2C330&ssl=1)
Телевизиската корпорација Би-Би-Си ќе снима документарна ТВ-серија со 17-годишната активистка за климатски промени, Грета Тунберг.
„Серијата ќе ја следи светската одисеја на Грета, што ја постави на првите борбени линии на климатските промени и ја однесе на најнеобичните места на Земјата, каде што таа истражува каква штета веќе е направена и што може да се преземе“, се вели во објавата на Би-би-си.
Проектот беше најавен вчера, но сè уште нема детали околу датумот на прикажување, како ни за бројот на епизоди.