Една од најпознатите пејачки на денешницата, Бијонсе, приреди забава за својот 41 роденден во вила во Бел Ер каде се собраа само најпознатите ѕвезди од А-листата кои блеснаа во своите гламурозни изданија.
Глобално популарната ријалити ѕвезда Ким Кардашијан ја покажа својата ослабната фигура во црвен комбинезон со дезен и соодветни чизми, додека со екстензии додаде должина на нејзината распуштена платинеста руса коса.
Нејзината помлада сестра Клои Кардашијан се одлучи за проѕирен аутфит, мини здолниште и горен дел, кои ги спои со високи чизми во иста боја.
На забавата ѝ се придружи ќерката на популарниот актер Џони Деп, Лили-Роуз Деп, која публиката наскоро ќе може да ја гледа во шесте епизоди на серијата на HBO, „The Idol“.
Актерката и модел ја покажа својата слатка фигура во зелен мини фустан и сини потпетици додека ја остави својата брановидна коса во едноставен стил.
Меѓу гостите беше и четирикратниот добитник на Греми, Дрејк, кој носеше црвена кадифена облека и сјајни бели патики, додека имаше чепкалка за заби во устата.
Познатиот рапер на забавата пристигна со истиот теренец како и кошаркарот Тристан Томпсон. Кошаркарот, кој стана татко на три деца со три различни жени во последните пет години, носеше жолта кошула со црни светкави панталони и лакирани чевли.
15-кратната добитничка на Греми, Адел, пристигна на забавата со нејзиниот партнер Рич Пол, појавувајќи се во црна облека додека нејзината бујна, руса коса ѝ паѓаше преку рамениците.
Популарната манекенка Бела Хадид на настанот пристигна со светло црвени усни и долго лажно опавче во плетенка, а црн кадифеен комбинезон јасно ја истакна нејзината витка линија.
Меѓу гостите беа мајката на Бијонсе, Тина Ноулс, пејачката Кели Роуланд, сопругата на трагично загинатиот кошаркар Коби Брајант, Ванеса Брајант, модниот дизајнер Оливие Рустинг, актерката Габриел Јунион, ќерката на Вил Смит, пејачката Вилоу Смит, актерката Меган Фокс и многу други.