Бичиклиски: Ветераните се коректор на политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ветераните се луѓе кои што функционираат како војска условно кажано, но од причина што се луѓе од идеологија, луѓе кои што 30-тина години се во ВМРО, луѓе што се теренци, но нема никаква милитантност. Ние сме политичка партија, носители на идеологијата во ВМРО. Ние сме ветер во грб на актуелното раководство“, истакна утринава Александар Бичиклиски од ВМРО-ДПМНЕ во „Радио Лидер“.

Бичиклиски додаде дека ветераните се носители на идеологијата и коректор на политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

„Гоце Делчев е таткото на модерната македонска нација“, нагласи Бичиклиски.

Бичиклиски посочи дека ветераните се секогаш тука да му пружат поддршка на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во борба со корумпираната власт која ја влече Македонија на дното, а тоа може да се согледа и по последниот Извештај на „Транспаренси Интернешнл“ и „Економист“.