Три мали сестрички се сместени во домот „11-ти Октомври“. Најмалото има само две ипол години, другите две шест и седум. Имаат потреба од милион работи, меѓутоа ние можеме да им се најдеме со облека и играчки.
Сабота, кај паркчето кај Форум на Рекорд (кај Водовод) од 10-15 часот дојдете и донесете малку среќа, облека, играчки за овие три девојчиња.
Облеката е најкоректно да биде испрана и спакувана, со ситен раст се трите, а најспецифично е малото бидејќи домот е најдефицитарен со облека за такви бебуши.
Информацијата е превземена од Фејсбук група.