
Еден од најпрепознатливите белези на британската престолнина Лондон – ѕвоното Биг Бен, коешто се наоѓа на Кулата на свети Стефан со часовникот во склопот на Вестминстерската палата, на 21 август точно напладне ќе го пропушти редовното ѕвонење, а тоа ќе продолжи и следните четири години поради неговото реновирање, објави во понеделникот долниот дом на британскиот парламент.
Чеканите на саат-кулата, попознат по колоквијалниот назив „Биг Бен“, кои последните речиси 157 години редовно на секој час, како и на секои 15 минути, удираа по 13,7 тони тешкото ѕвоно, ќе бидат одвоени од часовникот.
Треба да се истакне дека ударите повремено и натаму ќе се слушаат, но само во важните моменти, на пример за Новогодишната ноќ, или одбележувањето на Денот за паметење на сите британски војници што учествувале во Првата светка војна и во сите други војни и воени судирања потоа, во средината на ноември.
„Оваа програма ќе го зачува долгорочно часовникот и ќе го заштити и зачува неговото ’куќиште’, Кулата на Елизабета“, изјави Стив Џегс, кој го одржува и се грижи за часовникот.
Во рамките на реновирањето, Биг Бен ќе биде размонтира, а секој негов запчаник че биде прегледан и обновен. И сказалките ќе бидат обновени и исчистени.
Часовникот и натаму ќе го покажува времето, но туивко. Ќе го окренува модерен електромотро до повторното поставување на оригиналниот механизам.
Со обновувањето ќе се измени црно-златната боја на рамката нанесена во осумдесеттите години од минатиот век, и во согласност со оригиналиот викторијански стул на него треба да бидат нанесени зелената и златната боја.
Последен пат, ѕвоната на Биг Бен биле „замолчени“ во периодот меѓу 1983 и 1985 година, исто так, поради градежни работи.
Биг Бен важи за најфотографираниот објект во Велика Британија. Кулата е висока над 30 метри. Од пред неколку години, официјалнт име на ова здание е „Кулата на Елизабета“, во чест на дијамантскиот јубилеј на британската кралица Елизабета Втора, односно 60 години како е на британскиот престол.