БиХ: Апсења на цариници и полицајци, за примање мито и овозможување криумчарење

Најмалку двајца цариници и двајца полицајци се уапсени во средата во Босна и Херцеговина за примање мито и олеснување на криумчарење преку границата со Србија, потврди во средата Државната агенција за истраги и заштита (SIPA).

Полициската агенција соопшти дека вкупно 11 лица, односно цариници и полицајци се осомничени дека формирале мрежа која им овозможила на увозниците да избегнат царински надзор.

За време на рацијата на подрачјето на Бјелина и Брчко, покрај двајца цариници, уапсени се и двајца припадници на Министерството за внатрешни работи на Република Српска, а потрагата по останатите е во тек.

Сите осомничени се товарат за кривични дела организиран криминал, односно криумчарње, злоупотреба на положба или овластување, несовесно работење во службата, давање и примање подароци и други облици на корист, како и поткуп.