БиХ: Обвинувања дека се прислушувани новинари и политичари

Шефот на босанскохерцеговската дипломатија Елмедин Конаковиќ изјави во интервју емитувано во средата доцна вечерта дека Разузнавачката безбедносна агенција (OSA) нелегално прислушувала стотици лица меѓу кои и политичари и новинари, тешко обвинувајќи го поренешното државно водство и водечката бошњачка Партија за демократска акција (SDA).

Гостувајќи во програмата на регионалната N1 телевизија, Конаковиќ, кој е и челник на владејачката партија Народ и правда рече дека злоупотребите во OSA се откриени откако новата власт ги преземала позицијата, а од местото нејзин директор е сменет Осман Мегмедагиќ Осмица, кој беше сметан за близок на SDA.

„Најважна беше смената на шефот на Разузнавачко безбедносната агенција. Тој бил капо, заштитник на сите процеси“, истакна Конаковиќ.

Тврдеше дека постојат „стотици случаи на прислушкување лица, од политичари до новинари, опоненти на режимот без судски налог“.

„Знам дека се користеле двојни картички, дека можеле да ја лажираат вашата, мојата картичка и да ги преземат нашите повици и смс-пораки“, рече Конаковиќ во интервјуто.

Сите тие случаи на злоупотреба се доставени во Обвинителството на Босна и Херцеговина, додаде министерот за надворешни работи.

Поранешниот директор на OSA, Осман Мехмадагиќ Осмица набрзо по смената на почетокот од годинава американските власти го ставија на црната листа санцкионирани функционери во БиХ. Го обвинија за злоупотреба на работата на оваа безбедносна агенција во полза на SDA.

Конаковиќ рече дека е убеден оти Осмица работел во интерес на врвот на SDА, за што, како што тврдеше, бил сведок додека бил член на таа партија.