Напаѓачите на зградата на Престаништвото на БиХ и други институции во Сараево, што се уништени и запалени во текот на протестите во Федерацијата БиХ, им се заканува затвор од најмалку пет години.
Федералната управа на полицијата вчера поднесе извештај до Обвинителстовто на БиХ до непознатите сторители поради тероризам, во врска со кривичното дело напад на уставниот поредок.
Како што потврдиле правните експерти, за тероризам и напад на уставниот поредок, предвидени се затворски казни од минимум пет години.
„Припадниците на федералната полиција, ги бараат извршителите на кривичните дела, кои биле повеќе. Уништени се објекти, но има и повредни полицајци. Може да се случи некои лица да бидат осудени за повеќе кривични дела и во тој случај се изрекува вкупна единствена казна, што мора да биде помала од збирот на поединечните“, објаснуваат експертите.
Полицијата во пријавата ги обвинува напаѓачите за нанесување на големи штети врз објектите во БиХ.
Полицијата собира доказни материјали, фотографии, видео и ауди снимки од медиумите за да ги документира предметите.