БиХ: Побарана целосна истрага за самоубиството на сведок на злосторството против Хрватите

Претседателот на Комитетот на Парламентот на Босна и Херцеговина за надзор над Разузнавачко-безбедносната агенција (OSA) Илија Цвитановиќ во вторникот побара детална истрага за да се утврдат околностите под кои поранешен полицаец кој бил потенцијален сведок на воените злосторства врз Хрватите во Бугојно извршил самоубиство.

„Актот на самоубиство на сведок кој соработува во истрагата зборува за сериозни пропусти во работата на истражните и судските органи во овој случај“, изјави Цвитановиќ во изјавата дадена за локалните медиуми во Босна и Херцеговина.

Поранешниот полицаец Мерзук Алиќ од Доњи Вакуф се самоуби кон крајот на ноември додека бил со истражителите на Државната агенција за истрага и заштита (SIPA) во областа Ростовo кај Бугојно.

Пред две години таму беа пронајдени телата на четворица од 21 Хрват кои беа исчезнати од 1993 година, кога биле заробени од припадници на бишњачката Армија на БиХ. Потрагата по останките на останатите жртви продолжува, а според информациите кои претходно за хрватскатаслужбена новинска агенција Hina ги потврдиле добро упатени извори, Алиќ бил подготвен да сведочи каде жртвите се погребани.

Истрагата за неговото самоубиство ја презеде окружното обвинителство во Травник. Обвинителството на БиХ со години води истрага за воени злосторства врз Хрватите од Бугојно, но досега тоа не доведе до обвинение.

Цвитановиќ, кој беше и претседател на партијата HDZ BiH во 1990 година, сега истакнува дека на јавноста ѝ е добро познато кои биле раководители на бошњачките цивилни и воени власти во Бугојно за време на војната и дека некој ги штител со години, што резултира со притисок врз сведоците на кривичното дело.

„Очекувам дека ќе биде сослушан и врвот на политичките и воените структури во воено Бугојно. Како претседател на комисијата за надзор на работата на OSA ќе побарам информации за сѐ што е преземено. Клучно е да се испита како заштитениот сведок станал цел и кои причини го навеле на овој чин. Мислам дека одговорот на ова прашање на сите им е јасен, треба да се најдат покровителите на самоубиството“, рече Цвитановиќ.

Во Бугојно пред војната живееле околу 15.000 Хрвати, а повеќето од нив биле протерани, па сега во таа општина ги има помалку од 2.000 луѓе.