Девет лица се приведени во Босна и Херцеговина поради трговија со дрога на подрачјето на Мостар, Јабланица, Невесиње и Требиње.
Во оперативната акција „Казанова“, полициските службеници на Државната агенција за истрага и заштита (СИПА) ги уапсиле овие лице под сомниение дека извршиле кривични дела од организиран криминал и неовластена трговија со дрога.
Во претресите на десет локации пронајдени се и привремено одземени мобилни телефони и СИМ картички, одредени парични средства, помала количина на „сканк“, оружје и други предмети кои што можат да послужат како дозна во понатамошната постапка.
Денешната акција и’ претходеше на повеќемесечната истрага во соработка со полициските органи на Хрватска.