Доколку не се спроведат итни и конкретни реформи, Босна и Херцеговина ќе биде во неизвесност, а и се заканува распаѓање, прогнозира експертот на Фондацијата Фридрих Еберт.
Анализата е изнесена во документот „Босна и Херцеговина 2025“, чија содржина е објавена пред две години, на кои, поради сегашната ситација во БиХ , потсетува „Вечерњи лист“.
Документот предвидува неколку сценарија за развој на неколку политички, економски и безбедносни прилики во БиХ, а во едно од нив се подготвуваат масовни протести.
Според симулациите на аналитичарите, масовните протести на граѓаните поради лошите економски политики би требало да се случат во 2015-та година, потсетува весникот.
Во сценарието со кое што се занимава Фондацијата, меѓу другото пишува: По последниот бран на кризата во 2015-та година, ЕУ покажа голем интерес за стабилизација на последните проблеми во регионот…