Четири клучни фактори за демографска статистика, бројот на родени, починати, склучени и разведени бракови, имаат исклучително негативни тенденции во Босна и Херцеговина кои се’ повеќе се оправдува епитетот „земја на стари лица“, пишува босански „Дневни аваз“.
Според податоците на Агенцијата за статистика на БиХ, во текот на првите шест месеци на оваа година, се родени околу 14.000 деца што во однос на истиот период лани покажува пад од 6,12 отсто, додека во истиот период починале 18.000 лица, повеќе за 1,51 отсто.
Во првата половина на годината се склучени 8.000 бракови и тоа е помалку за 3,96 отсто, но пораст е регистриран во категоријата разведени бракови.
Коментирајќи ги овие податоци, статистичарот и демограф Хасан Золиќ потсетува дека БиХ од месец во месец се’ повеќе го оправдува епитетот „земја на старци“, што ги поткрепува податоци дека повеќе од 600.000 граѓани се постари од 65 години.