Судијката на Врховниот суд на БиХ со првостепена одлука на Дисциплинската комисија за судии на Високиот судски и обвинителски совет на БиХ е разрешена од должноста, бидејќи пред граѓаните и вработените во Општина Центар играла гола во својата канцеларија во Судската палата, дознава „Дневни аваз.“
Судијката е разрешен со пресуда од Дисциплинската комисија донесена на 27 јануари и тоа откако е востановено дека направила дисциплински прекршок „однесување во суд и надвор од суд кое штети на угледот на судската функција,“ и „однесувањње кое претставува кршење на службената должност што ја доведува во прашање довербата на јавноста и кредибилитетот на судиите.“
Во одлуката на Комисијата е наведено дека судијката на 16 мај меѓу 8.05 и 8.45 на првиот кат во својата канцеларија, откако се разголила блиску до прозорецот, во лежечка положба изложена на погледи на одредени лица од зградата од Општина Центар, непримерно за носител на судиска функција, изведувала вежби.
Oдредени лица од Општината тоа го набљудувале и сликале по што фотографиите биле објавени во „Дневен Аваз“. Во образложение на одлуката наведено е дека судијката била изложена на погледи на граѓаните од улица и тролејбуска станица.