БиХ: Три лица загинаа во пукање во гимназија во Сански Мост

Три лица се убиени во пукање што се случи во средата рано претпладнетое во Сански Мост во северозападна Босна, потврдија полициски извори.

Според достапните информации, пукањето се случило во Средношколскиот центар а веројатниот сторител е наводно вработен кој ги убил директорот, секретарот и професорот.

„Пукањето се случило во 10 часот и 15 минути, машкото лице Н.Н., со автоматско огнено оружје убило тројца вработени во училиштето. После тоа најверојатно се обидел да си пресуди и се здобил со тешки физички повреди. Тој е префрлен во Ургентниот центар Бања Лука. Полицијата на лице место“, изјави Аднан Бегановиќ, портпарол на полицијата на Унско-санската жупанија.

Во тек е истрага за утврдување на околностите под кои се случила оваа трагедија. Полицијата потврди дека вработен во гимназијата „Мјештов“ пукал во директорот, секретарот и наставникот на ова училиште.

Како што јавуваат репортерите на локалните медиумите од местото на настанот, помошен работник во тоа училиште наводно влегол со оружје и пукал во професорите кои во тој момент имале состанок.