БиХ: Украинци од банкомат украле 1,3 милиони евра, осудени на затвор

Двајца Украинци, кои од банкомат во Босна и Херцеговина украле повеќе од 1,3 милиони евра, се осудени од суд во земјата на повеќегодишни затворски казни, потврди во петокот општинскиот суд во Тузла.

Во соопштението коешто го цитираат локалните медиуми, 40-годишниот Дмитро Бојко и 59-годишниот Олександр Зајцец се осуден на пет односно четири години затвор, откако на првостепената постапка е утврдено дека двајцата заедно со уште пет државјани на Украина формирале криминална група која со помош на компјутерски алатки и програми на почетокот од 2020 година извршиле кражби на пари од банкомати.

Цел на криминалците биле банкоматите на тогашната руска банка „Сбербан БиХ“ во 24 градови на подрачјето Федерацијата БиХ, а за нив успеале да подигнат дури 2,6 милиони конвертабилни марки односно околу 1,33 милиони евра. Двајцата биле уапсени во Бихаќ при последниот таков обид со сајбер измама да подигнат 50.000 евра.

Другите пет Украинци кои биле дел од организираната криминална група останале недостапни за босанскохерцеговските правосудство. Доказите собрани против нив се проследени до украинската полиција.