БиХ: Во Албанија само со лична карта

Граѓаните на Босна и Херцеговина и Албанија наскоро ќе можат да патуваат во двете земји само со лични карти, најави албанскиот амбасадор во БиХ, Фламур Гаши.

Според него, договорот за тоа е веќе подготвен и се чека, најверојатно на крајот на мај, да го потпишат министер за надворешни работи на БиХ, Златко Лагумџија, и шефот на албанската дипломатија, Димитри Бушати.

„Ќе бидат потпишани неколку договори меѓу двете земји, а најинтересните се однесуваат на слободно движење на граѓаните, што сигурно ќе придонесе за обострано зајакнување на туризмот, но ќе биде и показател дека БиХ и Албанија тежнеат да станат дел од европското семејство“, рекол Гаши.