БиХ: Во напад на полициска станица малолетник уби полицаец, тешко рани уште еден

Во четвртокот доцна вечерта беше нападната полициска станица во Босанска Крупа на западот од Босна и Херцеговина, при што еден полицаец е убиен а друг е тешко повреден, јавуваат тамошните медиуми.

Како што потврдил за Klix.ba портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Унско-санскиот кантон Аднан Бегановиќ, малолетникот ја нападнал полициската станица и го убил полицаецот.

Уште еден полицаец е тешко повреден. Нападот бил извршен со ладно оружје, односно со нож.

Klix.ba пишува дека напаѓачот прво го нападнал полицаецот кого го убил, а потоа го нападнал и неговиот колега кој се здобил со тешки повреди.

Министерството за внатрешни работи на Унско-санскиот кантон потврди дека напаѓачот е роден 2009 година и дека е уапсен.