Цената на биткоинот продолжи да расте синоќа и во ова утро , достигнувајќи нов рекорд за прв пат еден биткоин вредеше 48.000 долари.
Новата јагма на инвеститорите во најпознатата и најважна криптовалута во светот беше предизвикана од веста дека компанијата Тесла купила биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари.
Како што наведоа, тие сакале да обезбедат поголема флексибилност и да ги максимизираат своите приходи, според податоци на SEC.
Исто така, Тесла објави дека ќе овозможи употреба на биткоин како начин на плаќање при купување на нивните производи.
По оваа објава, пренесуваат светските медиуми, вредноста на биткоинот скокнала дури 10,96 проценти – на 43.200 долари, а растот продолжил и после тоа.
Биткоинот зајакна неверојатни 23,93 проценти за 24 часа и се продаде за 48.049,91 американски долари во 2:03 часот по источно време.