СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.М.(25) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи од безбедноста“.
На 03.10.2023 во Тетово, пријавениот агресивно се однесувал и се обидел физички да нападне полициски службеник кој извршувал службени дејствија.