![bil gejts](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/01/bil-gejts.jpg?resize=696%2C406&ssl=1)
Ширењето невистинити гласини за вакцинирањето може да ја продолжи епидемијата на коронавирусот, вели основачот на американската технолошка корпорација „Microsoft“, Бил Гејтс, во интервјуто за германскиот дневени весник Suddeutsche Zeitung, во кое повторно ги негира објавите за неговата наводна вмешаност во пандемијата на Covid-19.
„Претставува голем предизвик кога луѓето бараат едноставни решенија. Тие си го поставуваа прешањето дали некој стои зад пандемијата“, вели Гејтс.
Претприемачот и еден од најбогатите луѓе на планетата, истакнува дека неговата фондација веќе се соочувала со недовербата на луѓето кон вакцините.
„За време на борбата против детската парализа во земјите како Пакистан или Нигерија имаше гласини дека вакцината е небезбедна и оти предизвикува неплодност кај жените“, додава Гејтс.
Според него, за „справување со ваквите заблуди, трeба да се свртиме кон влијателните лица, општественици или религиозните лидер со голем авторитет“. За Гејтс само тие се способни да ги објаснат придобивките од вакцинирањето на населението.
Од избувнувањето на пандемијата на коронавирусот, на социјалните мрежи и мрежните медиуми циркулитаат теориите за наводната вмешаност на милијардерот во појавата на здравствената криза во светот. Според некои портали и корисници, меѓу кои има и влијателни струњаци и научници, Гејтс е обвинет дека е вмешан во заговорот со кој преку масовното вакцинирање да се чипира населението на Земјата со што ќе се добие глобален надзор над него. Гејтс истакнува дека конспиративните теории за негово учество во некаков заговор се „премногу глупави“ за сериозно да се одговори на нив.
Во тој контекст се наведуваат некои негови изјави од минатите години, во кои Гејтс рекол дека во 2020 година ќе има светска пандемија, како и подоцнежните дека сегашната со коронавирусот ќе заврши во 2022 година, какои дека по три години ќе следи уште потешка.
Во делот од интрвјуто кое Süddeutsche Zeitung го објави во средата, Гејтс повторно предизвика вакви реакции, кога рече дека светот сѐ уште не е подготвен за следната можна пандемија и дека тоа може да се промени дури за две години.
„Не сме подготвени за следната пандемија. Се надевам дека ќе биде поинаку по две годни. Вакцините, тестовите, лековите, епидемиологијата, следењето, има уште многу што може да се направи. Оваа пандемија е страшна, но следната може да биде десетици пати полоша“, вели Гејтс,
Истакнува дека системот за логистика во „богатиот свет“ се покажал покомплексен отколу што се претпоставувало.
Основачот на „Microsoft“, исто така, истакнува дека „трпението на луѓето дефинитивно истекува“, особено на оние кои живеат во стеснети услови, или не можат на своите деца да им овозможат онлајн образование.
„Во најдобар случај, ќе биде потребна цела година за нормализирање на животот“, оценува Гејтс.
Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда ја водат хуманитарнатата фондација која ја основа, која е главно насочена кон активности во организарањето на борбите со опасните болести во земјите во развојот, во сфарата на здравството и образованието во САД. Преку фондацијата издвоени се стотици милиони долари за развој на вакцината за новиот вид на коронавирусот и за поддршка на сиромашните и најранливите во пандмијата.