Бил Гејтс повторно е најбогатиот човек

Oсновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс во петокот го надмина директорот на „Амазон“, Џеф Безос, на списокот на најбогати луѓе во светот, за прв пат по повеќе од две години, покажуваат податоците за индексот за милијардери на „Блумберг“.

„Блумберг“ наведува дека е можно за првото место на Гејтс делумно влијание да има и Пентагон, од каде на 25. октомври објавија дека решиле да склучат договор со „Мајкрософт“ вреден 10 милијарди долари.

Акциите на компанијата оттогаш пораснаа за четири проценти, а богатството на Гејтс на 110 милијарди долари.

Акциите на „Амазон  од друга страна, опаднаа за околу два процента, по објавата на Пентагон.

Вкупното богатство на Безос во моментов изнесува 108,7 милијарди долари.

Индексот за милијардери на „Блумберг“, кој го мери богатството на 500 најбогати луѓе, се ажурира по затворањето на американската берза, а Гејтс и минатиот месец кратко се најде на првото место на списокот, откако „Амазон“ за првпат по две години соопшти дека има загуби во профитот.