Светот треба да се врати во нормала до крајот на 2022 година благодарение на вакцините против ковид-19, изјави Бил Гејтс во интервју за полскиот весник „Газета Виборча“ и телевизискиот канал ТВН24.
– Ова е неверојатна трагедија – рече коосновачот на „Мајкрософт“ за пандемијата, додавајќи дека единствената добра вест е пристапот до вакцините.
– До крајот на 2022 година треба да се вратиме во нормала – истакна Гејтс.
Гејтс, милијардер кој се повлече од челната позиција на „Мајкрософт“ во 2014 година, донираше најмалку 1,75 милијарди долари преку фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ за глобален одговор на пандемијата.