Бил Гејтс сака да вложи две милијари долари да се избегнат климатските промени

Основачот на „Microsoft“, Бил Гејтс, во следните пет години ќе вложи вкупно две милијарди американски долари во проекти и покренување компании за да се избегнат климатските промени.

„Потребни се иновации за да се избегне климатска катастрофа. Тоа не би било невозможно, но би било многу тешко“, вели Гејтс во изјавата обајвена во понеделникот во германскиот деловен дневен весник Handelsblatt.

Гејтс, исто така, повикува во следната деценија владите ширум светот пектратно да ги зголемат вложувањата во истражувањата на чистата енергија и другите климатки иновации.

Американскиот претприемач кој речиси цела деценија е во самиот врв на најбогатите луѓе на планетата, проценува дека за истражувањата годишно ќе бидат потребни најмалку 110 милијарди долари.

Во својата нова книга „Како да се избегне климатска катастрофа“, Гејтс повикува емисиите на јаглерод диоксид целосно да се елиминираат до 2050 година, за да се избегне голема еколошка и економска штета.

Гејтс во разговорот вели и дека за да се постигне тоа, индустријата мора да се промени со досега невидено темпо.

Покрај тоа, Гејтс верува дека е неопходно воведување даноци на јаглерод диоксид и тргување со емисиите на гасовите кои го предизвикуваат ефектот на стаклената градина, а алтернативните енергии како што се сончевата и од ветерот дека се незаменлива.