![bil-gejts](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/02/bil-gejts.jpg?resize=590%2C400&ssl=1)
Основачот на Мајкрософт Бил Гејтс ќе се вклучи во борбата за да се најде лек против вирусот Зика, откако тој и неговата сопруга биле мошне вознемирени поради фотографиите со бебиња што се раѓаат со аномалии поради вирусот, пишува „Дејли експрес“.
Најбогатиот човек на планетата преку неговата добротворна организација „Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс“ ќе соработува со научниците и Светската здравствена организација.
Фондацијата потроши неколку милијарди долари во борбата против еболата, а сега ќе го сврти вниманието кон вирусот што првично го погоди американскиот континент, а потоа се прошири во Европа.
Тој се надева дека инвестициите во медицинска технологија ќе го забрзаат процесот.
Вирусот веќе се прошири во 32 земји. Инаку фондацијата на Гејтс е една од најбогатите во светот и досега се вклучила во борбата против повеќе болести кај повеќе сиромашни нации во светот. Сега ќе се вклучи и ќе пружа помош за контрола на комарците, дијагностицирање на болеста и вакцина против Зика.