Бил пријавен за исчезнат, но го пронашле починат во неговата викендица

На 28.12.2021 околу 18.00 часот во нас.Лавачи во неговата викенд куќа бил пронајден починат Љ.Д.(63) од Скопје, за кој во 13.50 часот било пријавено дека се оддалечил од домот.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.