Најмалку 231 човек а повеќе од 300 се повредени во експлозијата којашто во саботата ја предизвика бомбаш самоубиец во напад со камион-бомба на фреквентна раскрсници во трговски кварт на сомалиската престолнина Могадишу, според најновите податоци од болнички извори.
Бомбашот самоубиец јурел со камионот низ градот со голема брзина рушејќи мотоцикли и автомобили, туркајќи возила кои се заглавиле во сообраќајот, сѐ додека не стасал до едно од најфреквентните раскрсници во градот каде што се разнел во областа Медина.
Директорот на една болница изјавил дека во неговата институција изјавил имало загинати 221 човек од саботниот напад, а претставници на друга болница во сомалиската престолнина соопштиле дека кај нив имало уште 10 жртви, пренесува агенцијата DPA.
Црниот биланс би можел да биде и потежок, бидејќи се многу тешко поведени се згрижени и во други болници.
Сѐ уште никој не ја презема одговорноста за нападот, но сомалискиот министер за информирање и во неделата ги повтори сомневањата на своите колеги дека за нападот е одговорна исламистичката група Ал Шабаба, којашто е поврзана со меѓународната терористичка мрежа Ал Каеда.