„Билд“: Шумахер ја победи битката со запалението на белите дробови

Шесткратниот шампион на Формула 1, Михаел Шумахер, нема повеќе запаление на белите дробови, кое го доби пред неколку дена, тврди германскиот дневник „Билд“.

Шумахер од крајот на декември е во кома поради повреди на главата, а од пред неколку дена се појави информација дека добил запаление на белите дробови.

Менаџерката на Шумахер ја демантирала веста дека шампионот во Формула 1 има пневмоја, велејќи дека станува збор за шпекулации.