Македонскиот ракометен вицешампион Металург ги одреди цените на билетите за ¼ финалниот натпревар во Лигата на шампионите против Кил, на 19 април во СЦ Борис Трајковски. Билетите ќе се продаваат по цена од 350 денари до 700 денари.
Блок Б7, Б8 и Б9 (15 % од вкупниот капацитет на СЦБТ) – влезниците ќе чинат 350 денари,
Блок Б2, Б3, Б4, Б5, Б6, Б10, Б11, Б12, Б14, Б15 (50% од вкупниот капацитет на СЦБТ) – влезниците ќе чинат 500 денари,
Блок М7, М8, М9 (10 % од вкупниот капацитет на СЦБТ) – влезниците ќе чинат 500 денари,
Блок М1, М2, М3, М4, М12, М13, М14 и М15 (20% од вкупниот капацитет на СЦБТ) – влезниците ќе чинат 700 денари.
Металург напоменa и дека сите фанови кои поседуваат блок-влезници од групната фаза на Лигата на шампионите, ќе можат истите да ги заменат во периодот од 9 април до 12 април (среда-сабота). Промената на блок-влезниците ќе се одвива исклучиво во продажното место на „Купи Карти За Се“ – Југотон, во ГТЦ Скопје.
Промената ќе се врши исклучиво со приложување на блок-влезницата. По периодот предвиден за замена, секоја непроменета блок-влезница ќе оди во слободна продажба, која ќе стартува на 14 април 2014 година (понеделник), во 17 часот.