Билетите за Вардар – Хамбург од 200 до 600 денари

Ракометниот клуб Вардар ги одреди цените на билетите за 1/8 финалниот дуел во Лигата на шампионите против европскиот шампион Хамбтург. Билетите ќе почнат да се продаваат на 16. март по цена од 200 до 600 денари во зависност од локацијата  во салата. Сите кои имаат сезонски билети ќе може да ги заменат до 15. март во продажниот салон на Југотон во ГТЦ.

Влезниците за натпреварот против актуелниот шампион ќе се продаваат по следниве цени за следниве блокови:

Б7, Б8 и Б9 (горни блокови- југ) по цена од 200 денари

Б3, Б4, Б5, Б6, Б10, Б11, Б15 (горни блокови – исток и запад) по цена од 400 денари

М7, М8 и М9 (централни блокови -југ) по цена од 300 денари

М1, М2, М3, М4, М12, М13, М15 (централни блокови-исток и запад) по цена од 600 денари.

Натпреварот Вардар – Хамбург ќе се игра на 22 март во 18.00 часот, во Арената СЦБТ.