![билка](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/02/bilka.jpg?resize=640%2C499&ssl=1)
Најпознатите исцелители на негативна енергија во домот се бујните, зелени билки кои не само што ќе донесат позитивни вибрации во домот, туку, како што се верува, и богатство.
Според некои верувања, имено, постојат билки кои ја привлекуваат енергијата на богатството. Такво е и јапонското дрво на парите, со латинско име “Crassula ovata”. Оваа билка која носи различни називи, секаде е позната како билка која носи пари. На англиски на пример, често се нарекува „money tree“.
Се верува дека присуството на билката во просторијата позитивно влијае на работата. Затоа е одличен избор за во канцеларии, а во некои азиски земји се пренесува од колено на колено.