Кинески научници развиле биоразградлив електричен стимулатор за регенерација на нервните ткива и го тестирале кај стаорци, при што тој успешно ги востановил прекинатите ишијатични нерви кај животитни, покажуваат резултатите од студијата објавена во научното списание Science Advances.
„Секоја година повеќе од милион луѓе страдаат од оштетувања на периферните нерви. Честопати тоа предизвикува тие да ја загубат подвижноста или да се наруши функцијата на нивните сетила. Со постојните техники на трансплантација на невроните, само половина од пациентите може да ги надминат овие проблеми. Создадовме целосно биоразградлив, самостоен и ултраминијатурен уред кој може да предизвика процес регенерација на овие нерви“, пишуваат авторите на студијата.
Лезиите на ‘рбетниот столб и повредите на ‘рбетниот мозок честопати доведуваат до делумна или целосна парализа на екстремитетите. Молекуларните биолози и неврофизиолозите развиваат неколку третмани за овие форми на парализа. Некои се обидуваат во овој третман да користат матични клетки, коишто можат да интегрираат во оштетените области на ‘рбетниот мозок и да ја обноват комуникацијата меѓу нив.
Други научници, пак, се обидуваат да го решат овој проблем со обработка на оштетените нерви користејќи електрични импулси, биолошки активни супстанции или интерфејси „на мозок-компјутери“ за директно поврзување на екстремитетите со мозокот. Слични пристапи се развиваат за да се обнови работата на големите периферни нерви, ошетување коешто, исто така, често доведува до парализа и други форми на попреченост.
Група кинески неврофизиолози и биотехнолози предводени од доцентот на Универзитетот Цинхуа, Лан Јин, развиле минијатурен електричен стимулатор на оштетените неврони, кој постепено се распаѓа по имплантацијата во организмот на пациентот.
Станува збор за шуплив и порозен повеќеслоен „ракав“ и тој се состои од влакна на поликапролактон, полилатид и триметилен карбонат, биоразградливи полимери и електроди излеани од легури на мегнезиум, железо и манган.
Неопходно е оваа конструкција да се стави на двата дела од оштетениот нерв. Тие се фиксирани на нервот на таков начин што благодарејќи на хемиските интеракции меѓу електродите и околината, електричната енергија почнува да тече низ металот и нервните влакна поврзани со нив.
По електричната стимулација, невроните и помошните клети коишто ги опкружуваат започнуваат да произведуваат супстанции кои му помагаат на оштетениот нерв да се обнови. Самиот полимерен „ракав“ и неговите метални компоненти постепено се раствораат, отстапувајќи го местото на нервните клетки коишто се развиваат.
Научниците ја терстирале работата на овие имплатанти на неколку стаорци. Пред експериментот на лабораториските животни им бил остранет дел од ишијатичниот нерв во должина од еден сантиметар. Понатамошните набљудувања покажале дека по електричната стимулација на нејзините половини, подвижноста на глодарите целосно се повратила приближно три месеца по имплантирњето на уредот.
Во скора иднина, Лан Јин и неговите колеги планираат да тестираат дали сличен систем може да се користи за санирање на подолго време оштетените области на нервите, како и за лекување на други повреди на периферниот и на центарланиот нервен систем.