Бисера Антоанета не ја перат ни партиските другари, ни Вардар, продолжуваме со објавување на детали за аздисаното трошење

Bisera Antoaneta - 1

Обелоденувањето на трошоците од патувањата, поточно трошењата на поранешната министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, сега веќе позната како Бисера Антоанета е само почеток на откривање на детали за расипништвото на претходната владејачка гарнитура, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека граѓаните вчера имаа можност да видат и конкретни сметки од купувањето на чорапи, хулахопки, куфери, мечиња кои ги купувала Бисера Антоанета.

-Бисера Антоанета за приватни потреби потрошила 52 илјади денари пари на граѓаните. Тоа е сума, приближна, со која живее едно четиричлено семејство. Да потсетиме, тоа се сметки за куфер Самсонајт од 59 фунти. Потоа купила и куфер од 219 фунти. Тука е и сметката од Гифт Галор Лондон од 89 фунти, од каде Бисера Антоанета си купила плишано мече Педингтон, како и фудбалска топка. Ова се само неколку примери. Или ова е само почеток од информирање на јавноста. Следуваат уште поскандалозни случаи од нејзиното аздисано однесување и трошење на пари на граѓаните. Бисера Антоанета почна сама да се правда, поточно да лаже, а партиските другари како Фатмир Битиќи почнаа да ја бранат. Едно е јасно, ни Вардар не ја пере Бисера, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека со докази ќе продолжат да ја информираат јавноста за, како што велат, аздисаноста на лица од претходната власт.