Дијамантско-бисерниот приврзок кој своевремено и’ припаѓал на кралицата Марија Антоанета е продаден на аукцијата на Sotheby’s во средата во Женава за 36 милиони долари, далеку надминувајќи ги претходни процени.
На аукцијата беа продавани десет парчиња накит, меѓу кои и прстен со праменот на коса од Марија Антоанета, е последната француска кралица пред Француската буржоаска револуција. Таа е обезглавена на гилотина во 1793 година, на 37-годишна возраст.
Приврзокот кој содржи природен бисер во форма на крушка, претходни беше проценет меѓу милион и два милиона долари. Приврзокот за 36 милиони долари го платил купец кој сакал да остане анонимен.
Дијамантскиот брош проценет на 80.000 долари, е продаден за 1,75 милиони долари. Извонредниот накит два века беше држен далеки од вниманието на јавноста.
Парчињата накит кои ѝ припаѓале на француската кралица Марија-Антоанета, односно на семејството Бурбон-Парма беа продадени за 53,2 милиона долари на аукција и претставува светски рекорд за кралска колекција накит.
Од нив, еден голем приврзок од бисери и дијаманти, како и десетина други предмети, ѝ припаѓале на Марија-Антоанета, сопруга на францускиот крал Луј Четиринаесетти. Првичната цена била три милиони долари, а крајната – 43 милиони.
Само приврзокот на крајот чинел речиси 36,5 милиони франци, износ речиси 20 пати повисок од првичната понуда. Наддавањето траело десет минутин.