Кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Сафет Бишевац во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ истакна дека избори на 21-ви јуни на кои нема да учествува опозицијата ќе значат политичко самоубиство за Зоран Заев.
Ваквото брутално однесување на Зоран Заев, според него, ќе ја урниса и европската перспектива на државата. Бишевац посочува дека инсистирањето на Зоран Заев на правни последици од одложување на изборите е дегутантно бидејќи говориме за човек кој не почитуваше ниту Закон, ниту Устав кога се менуваше името на државата, додавајќи дека единствен закон кој што Заев го почитува и практикува е озаконувањето на лагата.
-Возможно е СДСМ предводено од Зоран Заев да оди на избори без консензус и без договор со останатите политички партии. Без оглед на тоа како вие го гледате Зоран Заев тој сепак покрај својот основен инстикт за политичко преживување ќе мора да води сметка и за нешто друго. Одејќи сам на избори практично ќе ја урниса европската перспектива на државата. Еве зошто? И прекинот на разговорите и постапката за овие избори кои требаше да се одржат на 12 април беше донесена со консензус на сите политички партии и беше договорено од сите политички партии, заеднички во натамошен дијалог да се договорат околу датата за тоа кога би се одржале изборите. Инсистирањето и правдањето на Заев и СДСМ само со правните последици дека тие практично ќе бидат присилени да одат на овие избори исто така не држи вода. На крајот на крајиштата станува дегутатно човек кој што го промени уставот на оваа држава за да го смени името на државата после Договорот од Преспа, човекот кој за реформите кои што требаше да се направат и ја имаше поддршката на огромен дел од населението преку шарените од кои толку лесно се откажа и покажа дека всушност сто мислел за нив и народот, кој во тој момент борејќи се за идејата за поправедно општество за сите, се доведе во позиција да се повикува на Закон и Устав. Го прекрши Уставот, неуспешниот рефередум со кршење на закон практично, да не бидам прегруб и прегрубо сфатен. Единствениот закон кој што Зоран Заев го почитува и практикува е озаканувањето на лагата, стана синоним за лажни ветувања, лага и подземни манипулациии тоа веќе е прочитано во целото општество. За да тргне сам на избори Зоран Заев треба да ја пресмета и својата политичка иднина, тоа би значело дека во рок од година дена тој човек и тие околу него кои настапија агресивно, брутално со сила само за да го скријат својот страв од последиците на лошите политики кои Зоран Заев ги водеше изминатиот период, особено со буџетот за 2020 година кој не беше ништо друго освен буџет за поткуп на гласачите. Тој со излегувањето сам на изборите ќе изврши политико самоубиство, вели Бишевац.