Бишевац: Со Заев се е можно, тој се што кажа направи спротивно од тоа

Со Зоран Заев се е можно. Значи човекот многу пати кажа многу работи, па излезе спротивно од тоа. јас денеска неговата изјава ја гледам во тој пример и мислам дека оваа изјава е неодмерена, невкусна и има за цел нешто сосема друго од донесување на закон, вели новинарот Сафет Бишевац во вечерашното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5.

Според Бишевац носењето на Законот за јавно обвинителство не е никаков предуслов за добивање на датум за почеток на преговори, посочувајќи ја и изјавата на министерката за правда Дескоска која кажувала дека Законот за Јавно обвинителство не е приоритет и од важност за Република Македонија. Пред неколку месеци потребата од усвојување на овој закон кој формално не е никаков предуслов за добивање на датум за почеток на преговорите и тогаш да ве потсетам дека министерската за правда Дескоска која денес со сета сила практично како булдужер некако политички притиска за усвојување на овој закон кажа дека усвојување на закон за Јавно обвинителство во овој момент не е приоритет и не е од таква важност за Република Македонија, вели Бишевац.

Jа искоментира и изјавата на државниот јавен обвинител Јовески кој кажал дека подобро е да не се донесе закон, отколку да се донесе лош закон. Да ве потсетам и на една изјава на државниот обвинител Јовески кој кажа дека е подобро да не се донесе закон, отколку да се донесе лош закон, рече Бишевац. Како што рече тој предлозите за Законот за јавно обвинителство се карма каша, додавајќи дека Заев сака да ги одложи изборите се со цел да добие само уште еден наратив за напаѓање на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Имате е една кара каша предлози и факт е дека трчањето во овој момент може да ви донесе лош закон што не е добро ни за Македонија ни за никого, и мислам дека целта всушност на Заев е да добие уште некој наратив во предизборниот период покрај Пржинскиот, и несогласувањето на ВМРО-ДПМНЕ за носење на ваков закон со вакви цел и суштина како што предлага Заев и СДСМ, се единствените работи кои што може да се повика во наредниот период, изјави Бишевац.