Бишевац: Заев да побара одговорност, некој нека објасни каква корист имаат граѓаните од вежбањето на магарето со народни пари

Корупцијата беше една од најголемите забелешки од Европската комисија. Каде е човекот кој пред три и нешто години ја предводеше борбата за правда, за право, за едно општество за сите да ја повика госпоѓата Лидија Димова на отчет, да објасни како таа управувала со парите од Националната агенција, праша поранешниот пратеник, новинарот Сафет Бишевац во вечерашната „Само вистина”.

-Премиерот и Владата ја поставиле неа таму каде што е и владата треба да ја повика за одговорност. Што се чека не знам. Каква е користа на граѓаните од вежбањето на магарето и тоа со нивни народни пари? Дај некој да излезе да објасни, рече тој.