Сафет Бишевац во емисијата 24 анализа истакна дека оставката на Заев е завршена работа и прашање е технички како тоа ќе се изведе. Може да се залажуваат дека Заев ќе остане до декември со тоа како се однесуваше Заев во последниот период, и тешко може да му се верува на зброот.
„Оставката е завршена работа, си има процедура. Да беше паметен Заев, ќе ја испратеше до претседателот на Собранието за да ја отвори процедурата која следува. Во позадина има разговори сите со сите. Во овој момент е ставен во ситуација од која нема излез, иако сака за себе и да спаси нешто од неговата партија“, речи Бишевац.