Пратеникот Фатмир Битиќи, кој неколку години претходно беше и вицепремиер за економски прашања во владата на СДСМ-ДУИ, во интервју за РСЕ вели дека секојдневно размислувал да се кандидира за нов лидер на социјалдемократите, но, смета дека на партијата не и треба дополнителна поделба и групирање. Неговиот став е дека кампањата за иден претседател на СДСМ не се одвива на најдобар начин.
-Сметам дека изборната кампања за претседател не се одвива на најдобар начин бидејќи не сите учесници во изборната кампања веруваат целосно во вредностите на СДСМ и иделогијата и забораваат дека ова не е лична битка. Ова е битка за партијата, за државотворна партија која покажала низ децении дека се грижи за сите, вели Битиќи.
На прашањето „на кого конкретно мислите?“ Битиќи одговара:
-Мислам дека самите ќе проценат. Не многу, еден од четворицата. Луѓе кои претходно бојкотирале или воопшто не ги поддржувале партиските активности а секогаш добивале од нејзе, не може да претендираат за претседателскиот врв.