Еден од клучните предизвици на сите влади од Западен Балкан во следниот период ќе биде конкурентноста на економиите, рече вицепремиерот Фатмир Битиќи на заедничката прес конференција со неговиот црногорски колега Дритан Абазовиќ. Како што кажа Битиќи, време е за меѓусевна соработка на земјите од регионот, а не за конкуренција меѓу економиите.
„Не треба во овој момент да си конкурираме еден со друг, туку заедно да работиме за да бидеме поконкурентни наспроти глобалните пазари. ТОе се чекорите коишто ги усогласивме“, рече Битиќи.