Битола: Поради свлечиште, пукна главниот цевковод

Поради свлечиште, пукна главниот цевковод кој со вода од акумулацијата на стрежевското езеро ги снабдува ЈП Водовод, земјоделците и индустрискиот дел на градот со РЕК Битола како најголем корисник.

Свлечиштето е во непосредна близина на битолското село Драгарино, а стручни екипи од градежниот факултет – Скопје и механизација на Рек битола и ЈП хидросистем Стрежево интензивно работат на санирање на цевководот.

Како што пренесува „Курир“, директорот на РЕК Битола Јовко Крстевски изјавил дека водоснабдувањето на РЕК Битола се одвива непречено и дека во моментот опасност нема.

Битола и комбинатот Рек Битола без проблеми со водоснабдувањето

Откако пукна главниот цевковод, вода за потребите на комбинатот се обезбедува од Црна Река во која ЈП Стрежево испушта дополнителни количини на вода од каде РЕК истата ја вади со пумпи. Дополнително, за потребите на комбинатот се користат резервите акумулирани во Суводолското Езеро чиј капацитет изнесува 4.000.000 кубни сантиметри вода. Со ваквите алтернативни решенија РЕК Битола може да ги задволи своите потреби за вода за период од 3 месеци.

Марјан Ѓероски, директорот на ЈП Стрежево нагласи дека каналот кој што е оштетен и на кој се случи природната катастрофа е во сопственост на РЕК Битола но со цел побрзо и поефикасно справување со новонастанато свлечиште, на терен интервенираат екипи на ЈП Стрежево, РЕК Битола и екипи на приватна компанија.

Свлечиштето се наоѓа на 13, 2 км од акумулацијата, а предизвика оштетување на цевководот поради што водата целосно е прекината.

Поради свлечиште, пукна главниот цевковод
Поради свлечиште, пукна главниот цевковод

Со појавата на свлечиштето извршивме целосно запирање на водата по цевководот- објект на РЕК Битола, но заеднички дејствуваме со изработка на т.н. лимен канал, преку кој ќе дистрибуираме одредена количина на вода потребна за снабдување на градот и РЕК Битола , изјави Марјан Героски – директор на ЈП Стрежево, пренесува ТВ Орбис.

Водоснабдувањето ќе се нормализира во ноќните часови

По појавата на шпекулации дека градот ќе нема вода неколку дена, забележано  е двојно зголемена потрошувачка на вода во градот. Директорот на ЈП Водовод информираше дека нема потреба од правење на резерви на вода затоа што има доволни резерви на вода, а во текот на вечерните часови водоснабдувањето ќе биде нормализирано.

Во овој момент потрошувачката на вода во градот е двојно зголемена, а тоа се должи на дезинформации во градот за наводно немање вода од 3-4 дена. Не е потребно да се складираат резерви на вода, а ние очекуваме во вечерните  часови да се стабилизира водоснабдувањето во градот, Горан Стефановски – директор на ЈП Водовод.

Генералниот доректор Јовко Крстевски информираше дека термоцентарлите на РЕК Битола функционираат нормално. Потребното количетсво на вода за потребите на Рек се одвива од реката Црна и  суводолското езеро.

Поради свлечиште, пукна главниот цевковод
Поради свлечиште, пукна главниот цевковод

Што се однесува за вода за наводнување на земјоделските култури, за сега нема опасност по културите кои во моментот имаат потреба за вода. Водоснабдувањето се врши со турнуси. Од подрачното министерство за земјоделство во Битола апелираат на трпеливост кај земјоделците.

Професорот од градежниот факултет во Скопје Милорад Јовановски потврди дека целосната реконструкција на свлечиштето треба да заврши за 6 месеци. Во моментов се врши интервенција со комбинирани мерки, се ставаат челични елементи и други хидротехнички мерки со што ќе се реши проблемот со водоснабдувањето во Пелагонија .

Состојбата со свлечиштето постојано се следи од стручните екипи и се очекува проблемот да биде решен во брзо време.