Битолчанец ја присилувал сопругата на проституција

Кривична пријава е поднеена против дваесет и тригодишниот М.К. од Битола поради сомнение дека сторил кривично дело „посредување во вршење проституција“ и „загрозување на сигурност“.

Во текот на февруари и март 2016. година пријавениот во повеќе наврати ја носел Џ.Р. (24) од Битола (живее со неа во вонбрачна заедница) на излезот од Битола и со употреба на физичка сила и сериозни закани ја присилувал на проституција.