Битолчанец повреден додека гаснел пожар во домот

Битолчанец бил повреден додека гансел пожар во својот дом, информираше МВР.

Според полицијата, вчера околу 19.35 часот во куќата сопственост на С.С. (58) на улицата Лавчански пат во Битола избувнал пожар. Пожарот настанал во една од собите и во тој момент С.С., кој живее сами, бил во куќата. Во обид да го изгасне пожарот домаќинот добил повреди по што бил пренесен во Клиничката болница во Битола.

Од страна на екипа од Територијалната противпожарна единица Битола пожарот бил изгаснат.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.