Битолчанец бил ранет додека бил на лов со пријателите, вчера во Битолско информираше МВР.
Според полицијата, несреќата се случила околу 8.30 часот во атар на селото Лисолај.
Тогаш К.Т. (59) , додека бил на лов со неговите пријатели Г.М. (43), Б.П. (65) , Б.В. (58) и З.В. ( 29), сите од Битола, добил повреди од огнено оружје, по што бил пренесен во Медицинскиот центар во Битола. Таму му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола, а известен е и јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.