Битолчанец украл лап топ од аптека

Против дваесет и осумгодишниот Д.О. од Битола е поднесена кривична пријава и се сомничи за тешка кражба во аптека.

Пријавениот со цел да оствари противправна имотна корист на 19/20 ноември минатата година насилно влегол во аптека и одзел лап топ компјутер и околу 300 денари со што причинил материјална штета од околу 25.000 денари.