Битолчани нападнале и ограбиле грчки државјанин. Против С.Т.(20) и А.Ф.(24) е поднесена кривична пријава.
Двајцата битолчани, во вторникот извршиле разбојништво врз К.В.(49) од Република Грција.
Тие со употреба на сила најпрво го собориле на земја, му ја затвориле устата и упатувајќи му закана, и од џебот му извадиле два мобилни телефони и два паричници по што го напуштиле местото на настанот.