![obesen500](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/07/obesen500.jpg?resize=500%2C333&ssl=1)
Четириесет и седум годишен битолчанец кој исчезнал пред два дена е пронајден обесен во близина на битолското село Лавци.
Како што пренесува битолскиот сајт Шеталиште, тој од засега непознати причини со бесење си го одзел животот.
Од СВР Битола не дале подетални информации за ова самоубиство, но потврдуваат дека 47 годишниот битолчанец е пронајден обесен во близина на селото Лавци. Истрагата сеуште е во тек.