Битолчанецот Петријан Ристески изгреба добитен ло кој му донесе 60 илјади денари.
Добитниот инстант лоз Подарок го купил од продажно место во старата чаршија во Битола.
Изборот го направил сосема случајно. Со друштво влегле во продажното место, прво одбрале Твингоманија која им донела мала добивка од 40 денари, по која следувала и малку поголема добивка од 400 денари. Забавата ја продолжиле со нова игра на среќа, Инстант лотаријата Подарок.
Овој лоз на Петријан му донел неколку помали добивки од 5о денари, за на крај да стигне и до навистина убавата добивка од 60.000 денари.
-Само за потсетување Инстант лотаријата ПОДАРОК има цел да ви ги развесели празниците, па дури и да ви го претвори во празник некој сосема обичен ден. Со лозот ПОДАРОК ви овозможуваме да ја решите дилемата за подарок за роденден, именден или било каков друг повод. Со добивките од лозот ПОДАРОК развеселете се самите или другите. Цената на лозот ПОДАРОК е 50 денари, а во игра ве очекуваат бројни парични премии од 50 до 60.000 денари. За повеќе забава вклучени се и помали добивки, кои го прават секој трет лоз е добитен, но и ги зголемуваат шансите за повеќе забава. Трите идентични суми во лозот се вашата лозинка за добивка во оваа игра на среќа, велат од Државната лотарија.
Со најубави желби за љубов и дружење, одберете го вашиот среќен ПОДАРОК!
Инстант лозот ПОДАРОК може да го пронајдете во сите продажни места со знакот на детелинка ширум Македонија.
Кој гребе, тој добива!