Шеесетгодишен маж од Битола пријавил во полицијата дека вчера при чистење на таванот од својот дом, пронашол бомби.
Се работи за 10 рачни бомби, четири топовски удари (шок бомби), два куршуми од 9мм и 4 куршуми од 7.62мм.
По пријавата, во 09:20 часот, пиротехничар од Дирекцијата за заштита пристигнал на местото на настанот и ги подигнал експлозивните направи за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за обезбедување на безбедноста на граѓаните и истрага за потеклото на пронајдените предмети.
СВР Битола апелира до граѓаните да пријавуваат слични настани, како и да бидат внимателни при пронаоѓање на предмети за кои сомневаат дека можат да бидат опасни.